Фудбалерот на Фенербахче и словачкиот дефанзивец, Мартин Шкртел се здоби со скршеница на носот по дуелот од Лига Европа против Феенорд во четвртокот.
Шкртел веднаш беше подложен на операција, а рокот за неговото закрепнување е неколку недели.
– Операцијата помина без проблеми. Можеби нема да изгледам како Бред Пит, но барем можам да пишувам и да се движам. Кога се смеам чувствувам болка. Иако докторката е фан на Галатасарај, таа се грижеше добро за мене. Се гледаме наскоро на теренот – напиша Шкртел на социјалните мрежи.
Оваа сезона Шкртел се пресели од Ливерпул во Фенербахче и бележи одлични настапи во новиот клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.