| четврток, 6 декември 2018 |

Почнаа археолошките истражувања на Кале-Стрезов Град

Археолошките истражувања неодамна почнаа на микролокацијата Кале – Стрезов Град, село Челевец – Демир Капија, каде што се наоѓа претпоставената средновековна тврдина Просек. Носител на активностите е Институтот за старословенска култура – Прилеп во соработка со Домот на културата „Мирка Гинова“ од Демир Капија.

636112603918311886

Археолошките истражувања на овој простор започнаа во 2015 година при што се откриени архитектонски структури од средновековен сакрален објект – црква и една од кулите во состав на монументалната фортификација, кои заедно со археолошките наоди се материјална потврда на историските извори кои ги пренесуваат случувањата на ова место во средновековниот период.

Годинашните истражувања се насочени кон дефинирање на целосната стратиграфска слика на сакралниот објект, при што е откриена постарата средновекована фаза и ранохристијанска базилика како сведоштво за духовната и религиозната димензија со која зрачи овој тешко пристапен простор. Исто така, откриени се и неколку средновековни гробови вкопани во северниот и во јужниот кораб на базиликата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top