| четврток, 6 декември 2018 |

Завршија годинашните археолошки истражувања на островот Голем Град – Преспа (галерија)

Завршија годинашните археолошки истражувања на островот Голем Град – Преспа, проект предвиден во Годишната програма за заштита на културното наследство на Министерството за култура.

DSC_0122

Во рамките на истражувањата, кои во континуитет се изведуваат од 1968 година, откриени се архитектонски остатоци и движен археолошки материјал од средновековниот период. Скромните керамички фрагменти и неколкуте бронзени монети упатуваат дека се работи за монашка куќа-колиба од средниот век. Материјалните остатоци од пронајдениот објект има научна вредност поради фактот што станува збор за први пронајдени архитектонски остатоци од објект за живеење од средновековниот период на овој остров.

DSC_0227

Сите други досегашни истражувања беа фокусирани на сакралните објекти, односно малите еднокорабни цркви, и на некрополите околу нив. Меѓу поважните наоди што се откриени во рамките на истражувањето е и разновидниот нумизматички материјал, меѓу кои и бронзена монета од македонскиот крал Персеј, доцноримски бронзени монети, средновековни сребрени монети и средновековни чанкасти бронзени монети.

DSC_0080

Според археолозите, островот Голем Град има голем археолошки, но и културен потенцијал. Овој споменик на културата сè повеќе се наметнува како едно од најрепрезентативните облежја на Република  Македонија во светот, за што  зборува секојдневното присуство на околу 50 странски туристи во текот на летните месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top