МЗТ Скопје новата сезона од АБА лигата ја отвори разочарувачки со два убедливи порази од српските великани Црвена Звезда и Партизан. Разочараноста во таборот на аеродромци е голема и видлива, а стратегот на клубот Емил Рајковиќ по мечот истакна дека ако е потребно спремен е и тој да си замине од клубот.
– Апсолутно заслужено нè декласира Партизан и честитки за победата. После ваков пораз сите се прашуваме што сме згрешиле, дали воопшто можеме во оваа лига и како може да се продолжи понатаму. Ако зборувам за проблемите кои ги имаме во изобилство, тоа ќе изгледа како да барам алиби, а тие после еден ваков пораз не би требало да ги има. Повредата на Лалиќ ќе биде уште поголем проблем, ротацијата се намалува. Ја отворивме сезоната како што не се надевав, ќе видиме како ќе одат работите понатаму. Одиме во Загреб десеткувани, од она што видов после овие два натпревара, разочарам сум од некои играчи и веќе размислувам за промени. Спремен сум и јас да си одам ако треба – изјави Рајковиќ.
Време за корекции и промена во играта нема многу бидејќи веќе во четврток МЗТ Скопје гостува на Цедевита во Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.