Денеска изутрина почина мајката на убиената српска пејачка Јелена, Зорица Крсмановиќ. Таа не дочека да биде најден убиецот на ќерка и, а нејзината Јана не дочека да ја види баба си уште еднаш.
-Синоќа Зорица и јас се слушнавме и се договоривме денеска после градинка да ја доведам Јана да ја види. Тоа и беше желбата. Тажно е што се случи – изјавил Зоран Марјановиќ за Телеграф.
Тој вели дека Зорица ќе биде погребана покрај својот сопруг на гробиштата Збег.
Внуката на Зорица, малата Јана од како баба и отишла во болница, постојано прашувала каде се мајка и и баба и.
Зоран Јана ја однел во петокот да ја види баба си, но дететто се растажило кога видело како лежи во кревет. Зоран поради тоа решил повеќе да не ја води таму за да не се потресува.Сепак потклекнал на желбата на болната Зорица ветувајќи и дека денеска ќе ја посети внуката. До средбата не дојде.
Инаку Јана за мајка и Јелена се уште не знае, бидејќи психолог ги советувал до 7 година ништо да не и кажуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Зоране, ти реков дека ќе успееме: Шокантен пресврт, Марјановиќ излезе од затвор!
-
Ни во училиште не е тргната, а остана сама на светот – малата Јана го слави 7 роденден!
-
Знам кој ја уби Јелена, се ќе откријам – Зоран Марјановиќ полуде во затвор!
-
Зоран ми раскажа се за убиството на Јелена – тврди неговиот цимер од затвор!