Градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов денеска изврши увид во градежните активности за изградба на двоен тениски терен, кој според планираното, треба да биде пуштен во употреба за пет месеци.
Тој нагласи дека покрај земјените тениски терени лоцирани во комплексот на Спортско рекреативниот центар „Младост“, Неготино ќе добие и тениски терени со тврда подлога.
Апостолов потсети дека со директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, е потпишан договор за изградба на двојниот тениски терен во Неготино. Со овој договор, Агенцијата за млади и спорт врз основа на склучениот договор со изведувачот на градежните работи, се задолжува да инвестира во изградбата на еден ваков терен на улица „Ленинова“, во населбата “Саат-кула”во Неготино.
Со истиот договор беа утврдени и начинот и условите за изградбата на тенискиот терен и неговото стопанисување, користење и тековно инвестициско одржување.
Двојниот тениски терен се гради веднаш над мултифункционалното игралиште во населбата “Саат-кула”, во непосредна близина на реконструираниот забавен парк.
– Граѓаните на Неготино од повеќе генерации, ќе добијат уште еден спортско-забавен комплекс, каде што ќе можат во релаксирана атмосфера да минуваат дел од слободното време, нагласи Апостолов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.