Македонските фудбалски репрезентативци од редовите на Палермо, Александар Трајковски и Илија Несторовски, ќе добијат нови катарски инвеститори во наредниот период. Тоа го потврди претседателот на клубот, Маурисио Зампарини, кој сака да се одмори од фудбалот и да го остави клубот во сигурни раце. Покрај инвестициски фондови од Катар, во игра се и кинески милионери.
– Го сакам фудбалот, го сакам Палермо. Но веќе се изморив и време е за нов план. Со Палермо испишавме славна историја и сакам да го оставам клубот во сигурни раце. Имаме договор со инвеститори кои имаат конкретни планови за иднината на Палермо. Проектот вклучува изградба на нов стадион и тренинг центар – истакна Зампарини за италијанските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот
-
Трајковски и Несторовски со Палермо на првото место на полусезоната во Серија Б