Екипата на Барселона за која настапуваат македонските ракометни репрезентативци Кире Лазаров и Борко Ристовски ја доби дерби пресметката против Кил во Лигата на шампионите.
Во крајно неизвесниот меч во „Палау Блауграна“ како решавачки се покажа голот на крилото Виктор Томас на 30 секунди до крајот кога погоди за 26-25 по што гостите не го искористија последниот напад.
Инаку бундеслигаш водеше во најголем дел од натпреварот, а Барса првпат поведе во 50. минута. Ривера со шест гола беше прв стрелец кај Барселона, Лазаров пак немаше свој ден со два гола од седум обиди, додека Ристовски одмараше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.