| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета на Институтот „Павел Шатев“: Убедлива предност на ВМРО ДПМНЕ пред СДСМ

Граѓаните на Република Македонија на предвремените парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 25,9 отсто, а за СДСМ 15,7 отсто, покажуваат резултатите од Анкетата на Институтот „Павел Шатев“. Потоа следува ДУИ со 5,1 и ДПА со 2,7 отсто поддршка.

anketa-1-640x284

Во периодот меѓу 26 и 29 Септември Институтот „Павел Шатев“ спроведе телефонска анкета на 1.260 испитаници за да ја измери поддршката на граѓаните кон политичките партии и политичките лидери во Република Македонија. Во анкетата која беше на ниво на целата територија на Република Македонија, беа опфатени шестте изборни единици, како и повеќе релевантни демографски карактеристики на населението односно пол, возраст, и етничка припадност. Дополнителна поделба беше направена и според руралните и урбани места на живеење. Сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2,1 проценти, инфомираат од Институтот.

anketa-2-640x657

anketa-4-640x130

anketa-3-640x584-1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top