Граѓаните на Република Македонија на предвремените парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 25,9 отсто, а за СДСМ 15,7 отсто, покажуваат резултатите од Анкетата на Институтот „Павел Шатев“. Потоа следува ДУИ со 5,1 и ДПА со 2,7 отсто поддршка.
Во периодот меѓу 26 и 29 Септември Институтот „Павел Шатев“ спроведе телефонска анкета на 1.260 испитаници за да ја измери поддршката на граѓаните кон политичките партии и политичките лидери во Република Македонија. Во анкетата која беше на ниво на целата територија на Република Македонија, беа опфатени шестте изборни единици, како и повеќе релевантни демографски карактеристики на населението односно пол, возраст, и етничка припадност. Дополнителна поделба беше направена и според руралните и урбани места на живеење. Сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2,1 проценти, инфомираат од Институтот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.