| четврток, 6 декември 2018 |

Да знам кој е убиецот со заби би го одвлекол во полиција, вели сопругот на убиената Јелена

%d0%b7%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%bd

Семејството на монструозно убиената пејачка Јелена Крсмановиќ денеска на гробиштата Збег ќе и одржи шестмесечен помен.

Зоран Мајрановиќ, сопруг на на убиената пејачка за Блиц раскажал низ што минувал последниве шест месеци.

-Како минува времето, се потешко ни е. Тешко ми е да почнам да работам, бидејќи ми недостига Јеца. Заедно работевме, се ме асоцира на неа- вели Зоран Марјановиќ.

Како што раскажува, мајката на Јелена, Зорица Марјановиќ е во тешка здравствена состојба.

-Бог нека и помогне да го протурка тоа низ што минува. Ќерката на Јелена и мојата Јана е многу врзана за Зорица. Не дај Боже и ние да ја изгубиме, не знам како детето тоа би го поднело- се прашува Зоран.

Тој додава дека глупости се приказните дека тој ја убил неговата сопруга.

-Да знам кој е убиецот со заби би го одвлекол во полиција. Да постои било каков сомнеж или нешто, не би чекал ни секунда – вели Зоран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top