Италијанската полиција пронајде две слики на холандскиот сликар Винсент Ван Гог во Неапол, кои биле украдени во 2002 година, соопшти Музејот на Ван Гог во Амстердам.
Во соопштението се наведува дека сликите се извадени од рамката, но не се оштетени.
За сега не е познато кога ќе бидат вратени во музејот.
Сликите спаѓаат во релативно раниот период на творештвото на Ван Гог и нивната вредност се проценува на околу 22 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.