По цели осум години од својот последен настап во Прилеп, а според мислењето на преку десет илјади присутни рокенролери од сите генерации од Прилеп и останатите градови, групата „Ван Гог“ во петокот со својот енергичен и жесток настап направија спектакл за паметење.
–Луѓе, чест ни е со вас да ја поделиме оваа летна ноќ – беа зборовите со кои расположениот фронтмен на групата ги поздрави присутните на почетокот на концертот.
Во текот на вечерта, се редеа многубројните хитови на групата а звукот на јаките бои и гласот на публиката се мешаа и ја обоија ноќта над градот. Со „Ван Гог“ Прилеп достоинствено пловеше низ ноќта. Со последните ноти на големиот хит „Ангелу мој брате„ кои Џуле без грешка ги отпеа на македонски, членовите на групата скокнаа во фонтаната пред бината, на општо задоволство на публиката која френетично ја поздрави една од најавтентичните групи во регионот.
Инаку „Ван Гог“ и покрај набиениот распоред за време на летната турнеја, за наесен најавуваат објавување на својот нов, десети по ред, студиски албум, кој судејќи по импресиите на оние што имале можност да го слушнат, ќе биде вистински бум. Македонските фанови групата „Ван Гог“ ова лето ќе можат да ги видат и во Штип и Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.