Обвинителството во Германија покрена истрага откако на медиумите наводно им била понудена фотографија од седумкратниот шампион на Формула 1 Миахаел Шумахер. Како што навела РТЛ, фотографиите ги понудил непознат продавач за милион евра.
Обвинителството во Офенбург го истражува случајот како наводно нарушување на приватноста на Шумахер, бидејќи фотографијата наводно е снимена и прокриумчарена од неговата куќа во Швајцарија каде што закрепнува од тешките повреди на главата здобиени на скијањето на крајот на декември 2013 година.
Семејството на Шумахер сепак не ги коментираше наводите, а легендарниот возач на Формула 1 шест месеци бил во индуцирана кома, од која е разбуден во јуни 2014 година, а во септември истата година е пуштен на домашно лекување.
Официјалните информации за неговата здравствена состојба се ретки, а семејството во текот на минатиот викенд соопштило дека закрепнувањето ќе остане приватна работа и ја покренало иницијативата „Продолжи да се бориш“.
– Здравјето на Михаел не е јавно прашање и така ќе продолжиме да се однесуваме, без коментари. Правно и долгорочно гледано, секоја изјава поврзана за неговото здравје би влијаела на личната сфера. Свесни сме дека тоа некои можат тешко да го сфатат, но тоа го правиме според насоките на Михаел и само можеме да им заблагодариме на луѓето на разбирањето, навела менаџерката на Шумахер Сабине Кем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Подарен ми е рак: Почина болниот милионер кој го продаде богатството за да им помогне на сиромашните
-
Неврохирург за состојбата на Шумахер: Тој никогаш нема да заздрави!
-
Му пратила на сопругот секси слики од хотел, а тој веднаш сфатил дека го изневерува со шефот
-
Пилотот брутално искрен: Оваа изјава ги крена на нозе фановите на Михаел Шумахер