Сите пет верзии на светски познатите слики на тема „Сончогледи“ на холандскиот сликар Винсент Ван Гог првпат заедно се претставени пред широката публика на виртуелна изложба преку социјалната мрежа „фејсбук“.
Ван Гог ја направи серијата „Сончогледи“ на југот на Франција во 1888 и 1889 година. Петте верзии на сликите се наоѓаат во пет музеи на три континенти.
Претставувањето во живо преку „фејсбук“ почнува во лондонската национална галелрија во 17.50 по средноевропско време. Потоа следат амстердамскиот музеј Ван Гог, минхенскиот Ноје пинакотек, Музејот на уметноста во Филаделфија и токискиот Сеиџи ТОго меморијален музеј на уметноста.
Кустосите од секој музеј говорат што е единствено во верзијата на сликата од тој музеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)