| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ и Азаренка први носители во Мелбурн

Победниците од последното издание се номинирани за први фаворити на Австралија опен кој стартува следниот понеделник

Организатор на првиот сезонски тениски гренд слем во Мелбурн ги определи носителите на турнирот што ќе започне на 14 јануари. Нема изненадувања: кај машките Новак Ѓоковиќ е прв, Роже Федерер втор, а Енди Мареј трет фаворит. Со откажувањето на Рафаел Надал,  Давид Ферер е именуван како четврти носител на новото издание на Австрaлија Oпен.

Кај девојките Викторија Азаренка која како водечка ја заврши 2012. година  е прворангирана, на другата страна од жрепката е втората носителка Марија Шарапова, а трета е Серена Вилијамс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top