Организатор на првиот сезонски тениски гренд слем во Мелбурн ги определи носителите на турнирот што ќе започне на 14 јануари. Нема изненадувања: кај машките Новак Ѓоковиќ е прв, Роже Федерер втор, а Енди Мареј трет фаворит. Со откажувањето на Рафаел Надал, Давид Ферер е именуван како четврти носител на новото издание на Австрaлија Oпен.
Кај девојките Викторија Азаренка која како водечка ја заврши 2012. година е прворангирана, на другата страна од жрепката е втората носителка Марија Шарапова, а трета е Серена Вилијамс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


