| четврток, 6 декември 2018 |

Разводот ја уништи – еве како Анџелина Џоли ја лечи тагата

pit

Анџелина Џоли решила максимално да се повлече од јавноста, бидејќи не сака да ја фотографираат. Имено оваа актерка која се разведува од сопругот Бред Пит, зедно со своите деца времето го поминува дома.

Папараците кои константно престојуваат пред нејзината вила во Лос Анџелес, секојдневно ги фотографираат доставувачите на храна кои на Џоли и испорачуваат пица од еден познат италијански ресторан. Многумина се загрижени за нејзиното здравје и тврдат дека Анџелина се лечи со храна, што и не е толку лошо со оглед на нејзината анорексичност.

Војната за која зборува целиот свет, а која се одвива меќу Џоли и Пит, почна кога таа поднесе документи за развод. Накратко таа не бара алиментација, но бара целосно старателство врз децата, додека Бред и порача да се подготви, бидејќи ќе се бори за децата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top