| четврток, 6 декември 2018 |

Рајковиќ: На почетокот сме, рано е да зборуваме за фајнал-фор

rajkovic

Актуелниот македонски кошаркарски првак, МЗТ Скопје е пред петтиот „лет“ на Јадранот. „Штрковите“ пред стартот на прес-конференција ги кажаа своите очекувања, а главниот збор го имаше тренерот Емил Рајковиќ. Македонскиот стратег вели дека очекува напорна сезона, а блесок на „металците“ смета дека ќе пристигне во вториот дел на сезоната.

– Нè очекува долга и напорна сезона. Подготовките завршија, а сега се надевам дека ќе бидеме достојни на нивото на натпреварување во Еврокупот и Јадранската лига. Пред сè да бидеме здрави и во добро расположение, ќе го дочекаме првиот меч против Црвена звезда в петок. Се надевам дека во овој пеколно тежок октомвриски распоред ќе извојуваме што повеќе победи. Мора да бидеме реални оваа сезона, противниците се со доста комплименти за нас, но квалитетот на тимот се гледа на терен. Ќе работиме напорно и очекуваме формата да се подига од меч во меч. Најдоброто од овој тим го очекувам во вториот дел од сезоната. Посилни сме, поседуваме квалитет, но засега не сме тим за „фајнал-фор“ како што велат другите. Имаме тим од играчи кои првпат играат заедно, ќе мора малку време да помине – вели Рајковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top