Ликовниот уметник Благоја Маневски, писателот и новинар Раим Ганији, Елена Мисиркова (пијанистка) и актерот Атила Клинче се годинашни добитници на наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста, соопшти министерството за култура.
Ова е одлука на Одборот за доделување на државата награда „11 Октомри“ чиј претседател е академик Митко Маџунков.
Државната награда,,11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври (вторник) во 12 часот во Собранието на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лазаров, Михајловски, Арсовски и Ставридис наградени со „11 Октомври“
-
Врачена државната награда „11 Октомври“ за 2016 година
-
Министерството за култура распиша конкурс за доделување на државната награда „11 Октомври” во 2016
-
Наградата „11 Октомври“ за Ќулавкова, Вања Лазарова, Шукри, Докиќ и Тодоровски