Академикот Катица Ќулавкова, народниот уметник Вања Лазарова – Димитрова, како и Рамадан Шукри (музичар, педагог и диригент) се добитници на овогодинешната награда „11 Октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста.
За животно дело во областа на науката и образованието наградата им се доделува на проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог-алерголог и проф. д-р Зоран Тодоровски, историчар.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври 2014 година во Собранието на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.