| четврток, 6 декември 2018 |

Маневски, Ганији, Мисиркова и Клинче добитници на наградата „11 Октомври“

Ликовниот уметник Благоја Маневски, писателот и новинар Раим Ганији, Елена Мисиркова (пијанистка) и актерот Атила Клинче се годинашни добитници на наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста, соопшти министерството за култура.

Ова е одлука на Одборот за доделување на државата награда „11 Октомри“ чиј претседател е академик Митко Маџунков.

Државната награда,,11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври (вторник) во 12 часот во Собранието на Република Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top