– Министерството за култура го објави Конкурсот за доделување на државната награда „11 Октомври” во 2016 година – највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Македонија. Конкурсот е отворен од 1 мај до 31 мај 2016 година.
Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјата.
Паричниот износ на наградата е 15 просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година. Во една година може да се доделат најмногу до пет награди.
Иницијатива за доделување на државната награда „11 Октомври” може да поднесат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани. Подносителите на иницијатива треба подробно да ја образложат иницијативата која треба да се достави на адреса на Министерство за култура на Република Македонија – Одбор за доделување на државната награда „11 Октомври”, ул.„Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 – Скопје, Република Македонија.
Информации за условите за учество на Конкурсот се објавени на www.kultura.gov.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лазаров, Михајловски, Арсовски и Ставридис наградени со „11 Октомври“
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори
-
Новиот закон за култура ќе има контрола врз темите, идеите и пораките што ги праќаат творбите и филмовите