Кит Ричардс долго време беше прв на списокот на славните чија скора смрт ја очекуваа обложувалниците, но од неодамна тој повеќе не се наоѓа на врвот на оваа листа.
– Поради мојот начин на живот и дрогирањето, секогаш ми „предвидуваа“ дека наскоро ќе починам. Но, сите што се обложуваа на мене загубија. Јас ќе ги пишувам вашите епитафи, а не вие моите, изјави гитаристот „Ролинг Стонс“.
Ричардс (72), сепак, признава дека по малку е разочаран што повеќе не котира високо во обложувалниците за датумот и начинот на кои ќе починат славните личности.
– Значи ли тоа дека станав здодевен? Или дека навистина сум бесмртен? Во секој случај, по малку ми е жал што таму повеќе не го гледам моето име, изјави рокерот.
– Пред неколку години еден лекар ми рече дека имам уште половина година живот и да се поздравам со саканите. Јас се уште сум тука, а него го погребавме. Му бев на погребот, изјави Ричардс.
Тој последната блиска средба со смртта ја имаше во 2006 година на Фиџи паднал од кокосово дрво и заврши на операција поради фрактура на черепот.
Кит тврдеше дека тогаш не бил под дејство на дрога, туку дека испил „само неколку пива“ и оти „Сонцето го удрило во глава“.
Пред тоа, Ричардс го удри струја на сцена, се прдозира, а боледуваше и од тешка форма на пневмонија.
Гитаристот пред три години најави, дека ако смртно се разболи ќе замине на неговиот остров на Карибите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.