| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: СДСМ, СЈО и „Шарените“ се искоординирани (видео)

„СДСМ, СЈО, шарените платени демонстранти на СОРОС и Катица Јанева се усогласени и координирани“,  оцени денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Според него, вчерашните долги и многубројни процедурални забелешки од СДСМ, бегањето на Јанева од расправа во комисијата и неуспешниот протест на „Шарената револуција“, како што рече, се дел од планот како Катица Јанева да биде извлечена од обврската да дебатира и да поднесува пдговорност пред Собранието на Република Македонија.

„На СДСМ и на другите совршено им е јасно дека СЈО не е ниту непристрасно, ниту е објективно, ниту ги почитува и заштитува слободите и правата на граѓанинот, ниту својата работа ја врши законито, ниту обезбедува еднаквост на граѓаните пред законот, како што налага членот 5 од законот за јавно обвинителство на Република Македонија“, истакна Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top