„СДСМ, СЈО, шарените платени демонстранти на СОРОС и Катица Јанева се усогласени и координирани“, оцени денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
Според него, вчерашните долги и многубројни процедурални забелешки од СДСМ, бегањето на Јанева од расправа во комисијата и неуспешниот протест на „Шарената револуција“, како што рече, се дел од планот како Катица Јанева да биде извлечена од обврската да дебатира и да поднесува пдговорност пред Собранието на Република Македонија.
„На СДСМ и на другите совршено им е јасно дека СЈО не е ниту непристрасно, ниту е објективно, ниту ги почитува и заштитува слободите и правата на граѓанинот, ниту својата работа ја врши законито, ниту обезбедува еднаквост на граѓаните пред законот, како што налага членот 5 од законот за јавно обвинителство на Република Македонија“, истакна Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)