Во среда, (28ми септември), со почеток во 21 часот, на терасата на покривот од катната гаража „Македонска фаланга“ во Скопје ќе се одржи третата по ред изложба со избор на објавени Instagram фотографии од Слободанка Тренчева – Боте, #botovacha.
Фотографиите се поврзани со искуства и емоции и преставуваат сведок на различни патувањата, како и на секојдневните моменти уловени со телефонот на Боте, нашата позната македонска инстаграмџика. #botovacha ја спои модерната фотокултура со класичните изложби и ова преставува еден нов и интересен правец на фотографијата.
„Некогаш кога нешто ЗАБЕЛЕЖУВАМЕ, тогаш ФОТОГРАФИРАМЕ. Некогаш кога ФОТОГРАФИРАМЕ, тогаш ЗАБЕЛЕЖУВАМЕ“, истакнува Антони Мазневски, академски сликар и куратор на овој несекојдневен и интересен артистички настан.
За дополнување на #instacool атмосферата со музички перформанс ќе се погрижат DJ Зоки Бејбе (instagram/zokibejbe) и DJ Вишко (instagram/wish.ko), со поддршка од специјалниот гостин ДЈ Арки Нон од Грција.
Ваквите промоции преставуваат стимул за сите оние што постајно фотографираат со телефонот и дополнителен кураж своето искуство и секојдневние да го прикажат преку самостојна изложба како тоа што Боте го прави веќе трета година по ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.