Ноќва во 00.30 часот во Скопје на ул.„Козле“, на бензинска пумпа на „Макпетрол“ непознат маскиран сторител со закана со пиштол извршил разбојништво над вработен на бензинската пумпа.
Сторителот одзел 4.000 денари по што побегнал од местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.