– Доколку не преземат мерки против тоа со чекани да кршат бугарски споменици, ќе имаат многу непријатни средби – рекол Борисов по разговорот со Димитриев.
Покрај Борисов и бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов побарал официјална реакција од македонските власти, додава весникот.
Македонското МНР, пак, во своето соопштение ги повика, „пријателите во Република Бугарија” да ги почитуваат меѓународно прифатените процедури за поставување на такви споменици.
– Во неделата немаше и официјална бугарска реакција на овие тврдења на македонските власти – додава „24 Часа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.