| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарскиот премиер категоричен: Македонија нема да добие помош кога најмногу ќе ѝ биде потребна

– И тогаш кога најмногу ќе очекуваат помош – нема да ја добијат. Ова ли ја помага нашата дружба и интеграцијата на Македонија во ЕУ? Утре ќе треба да гласаме за нив – изјавил бугарскиот премиер Бојко Борисов за бугарскиот весник „24 Часа“ каде што говорел за последните несогласувања меѓу двете земји. Повод е кршењето на спомен плочата на врвот Кајмакчалан од страна на македонскиот новинар Миленко Неделковски, а која е посветена на бугарските војници од Првата светска војна, пишува весникот.
Македонија да преземе мерки против оние кои се подбиваат со бугарските споменици на нејзината територија, побарал Борисов на средбата со македонскиот премиер Емил Димитриев во неделата во Виена, каде двајцата учествуваа во разговорите за бегалската криза, пренесува бугарскиот весник „24 Часа“.

– Доколку не преземат мерки против тоа со чекани да кршат бугарски споменици, ќе имаат многу непријатни средби – рекол Борисов по разговорот со Димитриев.
Покрај Борисов и бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов побарал официјална реакција од македонските власти, додава весникот.

Македонското МНР, пак, во своето соопштение ги повика, „пријателите во Република Бугарија” да ги почитуваат меѓународно прифатените процедури за поставување на такви споменици.

– Во неделата немаше и официјална бугарска реакција на овие тврдења на македонските власти – додава „24 Часа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top