Фудбалерите на Јувентус следната недела ќе гостуваат во Загреб кај Динамо во рамките на второто коло од фазата по групи во ЛШ. Играчот за врска на Јувентус, Миралем Пјаниќ порача дека очекува бавен дуел, иако неговиот тим цели на триумф.
– Ќе биде фантастична атмосферата против Динамо. Такви натпревари воопшто не е лесно да се играат. Сепак, ние сакаме да одиграме добар меч и да оствариме победа. Сакаме да ја играме нашата игра и очекувањата ни се високи. Сепак, не е лесно во ЛШ, истакна Пјаниќ.
Тој исто така посочи дека е убеден дека неговата игра од коло во коло ќе биде се подобра.
– Штотуку пристигнав во Јувентус. Среќен сум и сигурен сум дека ќе напредувам. Можам да играм на секоја позиција која ќе биде потребна според барањата на мојот тренер Алегри. Можам напред, но и поблиску до одбраната и исто така како централен играч за врска, заклучи Пјаниќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.