| четврток, 6 декември 2018 |

Пјаниќ очекува жестока битка на „Максимир“: Воопшто нема да биде лесно

epa05441838 Miralem Pjanic of Juventus FC (L) and Ryan Mason of Tottenham Hotspur (C) vie for the ball during the second match of the International Champions Cup (ICC) between England's Tottenham Hotspur and Italy's Juventus FC in Melbourne, Australia, 26 July 2016.  EPA/JULIAN SMITH AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

 

Фудбалерите на Јувентус следната недела ќе гостуваат во Загреб кај Динамо во рамките на второто коло од фазата по групи во ЛШ. Играчот за врска на Јувентус, Миралем Пјаниќ порача дека очекува бавен дуел, иако неговиот тим цели на триумф.

– Ќе биде фантастична атмосферата против Динамо. Такви натпревари воопшто не е лесно да се играат. Сепак, ние сакаме да одиграме добар меч и да оствариме победа. Сакаме да ја играме нашата игра и очекувањата ни се високи. Сепак, не е лесно во ЛШ, истакна Пјаниќ.

Тој исто така посочи дека е убеден дека неговата игра од коло во коло ќе биде се подобра.

– Штотуку пристигнав во Јувентус. Среќен сум и сигурен сум дека ќе напредувам. Можам да играм на секоја позиција која ќе биде потребна според барањата на мојот тренер Алегри. Можам напред, но и поблиску до одбраната и исто така како централен играч за врска, заклучи Пјаниќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top