| четврток, 6 декември 2018 |

Се породи Сека Алексиќ

Српската фолк-пејачка Сека Алексиќ се породи денеска и на свет го донесе синот Јаков, објави српски „Блиц“.

Пејачката требало да се породи на почетокот на октомври во Виена, но малиот Јаков ги изненадил родителите. Сека се породила во една приватна клиника во Белград, по природен пат, а бебето и мајката се чувствуваат добро.

Сека и нејзиниот сопруг Вељко откриле дека името на синот го избрале од Стариот завет.

На пејачата ова ѝ е прво дете, а таа отворено зборувапа за своите обиди да забремени и за вештачкото оплодување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top