Во текот на неодамнешната операција за ослободубвање на енклава што беше под опсада на терористите во северна Латакија, сириските војници открија копии на „прирачник за терористи“, јави „Спутник Арабик“.
Книгата е издадена во Турција и ги учи џихадистите на „правилно водење на борби на странска територија“ и употреба на нуклеарно оружје.
Прирачникот под наслов „Зад Ал-Муџахид“ (Водич за работа на божјите воини) е пишуван на арапски јазик, а објавен е во Истанбул од издавачката куќа „Гураба“.
– Книгата е полна со омраза и повикува на војна против луѓето кои не ја делат верата со џихадистите, а соджи и упатства што треба да се прави со непријателите и нивниот имот, изјави сириски војник кој ја прочитал книгата.
Тој наведе дека има и упатство како се спалуваат градовите освоени од џихадистите, потоа да „се исечат сите дрвја, да се уништи секоја трага на живот и да се убијат заробениците на правилен начин“.
Во прирачникот пишува и дека џихадистите имаат право да ги венчаат своите затвореници, а се спомнува и „можност за употреба на нуклеарно оружје“.
Книгата е забранета во Сирија поради „радикалната содржина и оти повикува на насилство и терор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.