| четврток, 6 декември 2018 |

Нада Топчагиќ открива нови детали за модринките на Јелена

Пејачката Нада Топчагиќ за српски Телеграф изјави дека дошла на слава кај семејството на Јелена неколку месеци пред нејзината смрт и дека дошла на инсистирање на Јелена и отејала неколку песни.

-На таа слава Јелена пееше цело време како да знаеше дека тоа ќе и биде последен настап. Ги имаше научено сите клубски песни кои требаше да ги пее на настапите. јас во еден момент го зедов микрофонот и отпеав неколку песни, рече Топчагиќ.

На прашањето дали можеби се сеќава на модринката на Јелена на лицето која се гледа на снимката што ја поставил нивниот кум Ивица Ајдаревиќ на својот Фејсбук профил, Топчагиќ вели дека се сеќава на некакви модринки, но не се сеќава дека биле на лицето.

–Ја прашав јас неа од каде ти се модринките и мислам дека не беа на лицето туку на рацете, а таа нешто промрморе дека веројатно паднала некаде или се идрила, вели пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top