| четврток, 6 декември 2018 |

Ксенија птица-преселица: Вељко му ја зема среќата на Бабунски

Голема љубов со тажен крај. Ни роматичниот Париз не му помогна на македонскиот Меси да ја одбрани убавата Ксенија од канџите на Аркан помладиот, синот на Цеца, Вељко.

Кратко откако заврши романсата на најголемата македонска фудбалска надеж Давид Бабуннски и преубавата водителка Ксенија Бујишиќ, во животот на Ксенија се вгнезди српскиот плејбој Вељко Ражнатовиќ, син на фолк-пејачката Цеца.

Ксенија експресно го промени презимето на социјалните мрежи, се пресели кај Вељко и уште поекспресно ги избриша сите заеднички фотографии со Давид.

Во меѓувреме, Давид го сторил истото, но сѐ уште чува една дамнешна, од заедничката посета на градот на љубовта, Париз.

Љубовта меѓу водителката и синот на Цеца толку е силна што двајцата започнале заеднички живот во Бањалука.

-Ние двајцата толку добро функционираме што не сакаме да бидеме ни за момент раздвоени. Брзо по запознавањето отидов кај Вељко. Поради тоа што повеќе сум таму, се договоривме да имаме иста база. Живееме заедно и сѐ функционира како што треба. Не мора да се слушаме на телефон постојано и не криеме ништо еден од друг, вели Ксенија, која се плаши дека Вељко може да ја замиени како и претходните девојки.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top