| четврток, 6 декември 2018 |

Патник со чадор нападнал возач на автобус, по што тој загубил контрола врз возилото

­

ista

Патник денеска во Истанбул со чадор нападнал возач на автобус, по што тој загубил контрола врз возилото и предизвикал верижен судир во кој учествувале и неколку други возила.

При инцидентот се повредени 11 лица, соопштија локалните власти. Автобусот се судрил со друг двокатен автобус и со три автомобили на улица во квартот Аџибадем, за време на утринскиот метеж, стои во соопштението. Прес­-службата на гувернерот на Истанбул, пак, соопшти дека 11 луѓе, меѓу кои и нападнатиот возач на автобусот, се повредени при инцидентот, но се надвор од животна опасност. ­

Патникот штого нападнал возачот е приведен, но засега мотивите за физичкиот напад се непознати, се додава во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top