Патник денеска во Истанбул со чадор нападнал возач на автобус, по што тој загубил контрола врз возилото и предизвикал верижен судир во кој учествувале и неколку други возила.
При инцидентот се повредени 11 лица, соопштија локалните власти. Автобусот се судрил со друг двокатен автобус и со три автомобили на улица во квартот Аџибадем, за време на утринскиот метеж, стои во соопштението. Прес-службата на гувернерот на Истанбул, пак, соопшти дека 11 луѓе, меѓу кои и нападнатиот возач на автобусот, се повредени при инцидентот, но се надвор од животна опасност.
Патникот штого нападнал возачот е приведен, но засега мотивите за физичкиот напад се непознати, се додава во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Голема трагедија во Индија: Автобус падна во канал, најмалку 25 лица загинаа
-
Се симнувало по скали од вториот кат и паднало: Девојче повредено во автобус на ЈСП
-
Несреќа во Германија, најмалку 11 луѓе се повредени при судир на воз и камион
-
Ало, вашата ќерка е мртва: Потресни исповеди на семејствата на настраданите во верижниот судир!