Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија синоќа беше отворена проектната изложба „Љубов меѓу мајка и син“ од Дороти Пачкова.
На изложбата, која во присуство на авторката и пред многубројна публика ја отвори директорот на Центарот во Софија, Васко Шутаров, беа претставени 12 дела кои ја симболизираат отворената интерактивна комуникација помеѓу ликовната уметница и нејзиниот 4-годишен син. На вечерашнава изложба, родители и деца беа поканети да учествуваат во создавањето ликовни дела.
Ова беше прво самостојно претставување на Дороти Пачкова во Софија, а проектот е дел од Годишната програма на Културно-информативниот центар на Р. Македонија во Софија, поддржан од Министерството за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.