Веста дека најпопуларната актерска двојка се разведува ја шокираше јавноста, а како што пишуваат светските магазини, во целата работа е инволвирана и пејачката и актерка од Канада, Селена Гомез.
Наводно, Анџелина побеснела кога ја видела фотографијата од неа и сопругот Бред која била објавена по наградите Златен Глобус, на која се гледа како таа седи во друштво на нејзиниот маж.
– Анџелина беше многу лута кога ја виде таа слика, а од пријателите дознала дека тие цело време флертувале. Селена се фалела дека Бред сака да сними уште еден филм со нејзе и на шега го нарекла нејзиниот „иден сопруг“. Многу ја погодија тие зборови, изјавил извор близок до Џоли кој додал дека по ова му наредила на Бред веќе никогаш да не соработува со Селена.
Инаку младата пејачка и Бред Пит соработувале во филмот „The Big Short“. Според наводите на изворите близки до парот, тие имале проблеми во бракот веќе подолго време, а ова било само еден последните поводи кои ја поттикнале Анџелина на крајниот чекор. Исто така папараците минатата година ги уловија во сред жестока расправија во Сиднеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.