Вчера околу 13,40 часот во Битола во просторот на станбено деловениот објект во изградба лоциран на ул.„Васко Карангелевски“ во сопственост на градежното претпријатие „Пелистер“, З.М.(47) од Битола возач на работна машина „Бобкет“, извршувајќи работни задачи насипување на стопи, враќајки се наназад удрил во двајца работници.
Кај работникот Т.М.(56) од с.Крклино не се констатирани телесни повреди, а Ј.Е. (63) од Битола, откако бил изваден од под машината, со возило на итната медицинска помош бил префрлен во Ургентниот центар на Клиничката болница во Битола, каде од страна на лекар била констатирана смрт.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагедија во Скопје: Земја затрупа работници – едниот почина на лице место
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона