| четврток, 6 декември 2018 |

Несреќа на градилиште, загина едно лице

Вчера околу 13,40 часот во Битола во просторот на станбено деловениот објект во изградба лоциран на ул.„Васко Карангелевски“ во сопственост на градежното претпријатие „Пелистер“, З.М.(47) од Битола возач на работна машина „Бобкет“, извршувајќи работни задачи насипување на стопи, враќајки се наназад удрил во двајца работници.

Кај работникот Т.М.(56) од с.Крклино не се констатирани телесни повреди, а Ј.Е. (63) од Битола, откако бил изваден од под машината, со возило на итната медицинска помош бил префрлен во Ургентниот центар на Клиничката болница во Битола, каде од страна на лекар била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top