| четврток, 6 декември 2018 |

„Антолог“ ја издаде новелизирната биографија на Бруно Шулц

Издавачката куќа „Антолог“ ја издаде новелизираната биографија на Бруно Шулц,„Сврченичката на Бруно Шулц“  од полската писателка Агата Тушињска што е 300. книга во книжевната продукција на оваа издавачка куќа. Преводот е на Милица Миркуловска.

На плоштадот во Дрохобич, на 19 ноември 1942 година, додека се враќал дома со сомун леб, бил стрелан Бруно Шулц. Неколку години подоцна, неговите книги стануваат дела со епохално значење во светската книжевност. Легендата за генијалниот уметник почнува да расте. Успесите на Шулц по неговата смрт ги следи една жена, обвиена со превезот на тајната… Јузефина Шелињска, Јуна, неговата Муза и единствената жена на која Бруно Шулц ѝ има предложено брак. Ова таа го таела речиси половина век. Во повоените прашалници, во категоријата „брачна состојба“ наведувала: слободна.

Бруно Шулц (1892-1942) бил полски писател, уметник, литературен критичар и професор по уметност со еврејско потекло. Се смета за еден од најголемите прозни стилисти на полскиот јазик во дваесеттиот век. Во 1938 годинабил награден со Златниот лаворов венец на Полската академија за литература. Многу од неговите дела биле изгубени во холокаустот, меѓу кои кратки раскази од раните 1940-ти и неговиот последен, недовршен роман –„Месијата“. Неговите две сочувани книги, „Продавниците со боја на цимет“ и „Санаториумот во знакот на клепсидрата“, се преведени и на македонски јазик.

Зошто Шулц никогаш не се оженил? Зошто токму тој се има потпишано на полскиот превод на „Процес“ од Франц Кафка, иако преводот го направила Шелињска? Од какви причини Јуна не си го „средила“ животот со друг маж? Каква судбина го дочекала „Месијата“, загубениот ракопис на последниот роман од Шулц? Ова се дел од прашањата на кои дава одговор овој оригинален роман.

„Свршеничката на Бруно Шулц“ е прекрасна приказна за љубовта, за поразите и за уметноста, која уште еднаш се покажува помоќна од смртта.

Книгата е објавена со поддршка на Полскиот институт за литература.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top