| четврток, 6 декември 2018 |

Шекеринска, Павиќ, Зекири: Во кого се крсти Заев, кој сѐ е на платниот список на СДСМ

Изминатите денови „Курир“ ги објави имињата на омилените соработници на опозицискиот лидер Зоран Заев, кои за нецела година биле вдомени и осигурани во партијата. „Курир“ денеска ексклузивно го објави списокот со сите вработени во опозициската партија.

Кој е најтесниот круг на соработници на кои се потпира Зоран Заев? Според овој список, во СДСМ се вработени 30 лица, меѓу кои последен е довчерашниот новинар Мухамед Зекири, кој од 8 септември годинава е на платниот список на СДСМ. Нешто подолг стаж има Дамјан Манчевски, кој веќе зел две плати од партијата.

На списокот можат да се забележат и имињата на заменик-претседателката Радмила Шекеринска, вработена од 01.10.2015, Маринела Маричиќ-Тушева од 15 јануари годинава, Реџа Мухарем (вработен од 6.10.2015), Среќко Николовски (вработен од 7.3.2014), Ивана Хаџиевска (вработена од 1.2.2014), Агротова Виолета (вработена од 1.2.2014), Зорица Ѓорѓиевска (вработена од 1.2.2014), Љубинка Дракалска (вработена од 15.10.2013).

 

sdsm-vraboteni-1

Меѓу оние кои се на платниот список на СДСМ може да се забележи и името на Новица Павиќ, вработен во партијатаод 15.10.2013. Токму Павиќ беше возач на комбето полно со бои и „катапулти“ кое во мај годинава беше запленето од полицијата, а Павиќ беше приведен и потоа ослободен.

Во продолжение погледнете го целосниот список со вработени во СДСМ.

sdsm-vraboteni-2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top