| четврток, 6 декември 2018 |

Половина година болка: За два дена ги изгуби сопругот и братот, а денес ја губи и сестрата

Канадската пејачка Селин Дион може да се пофали со сенеројатна музичка кариера, со преку 200 млиони продаден албуми, турнеи по целиот свет, победничка е на Евровизија и сопственичка на многу хитови. Во 2004 година доби признание за пејачка со најмногу придадени албуми на сите времиња.

Но, за жал, колку и да е усшена во деловниот живот, толку ја следат трагедии во приватниот.

Нејзиниот сопруг Рене Анжелил почина на 15 јануари годинава на 74 години од рак на грлото, а два дена подоцна почина и нејзниот брат Даниел Дион, исто така од рак, на 59 години.

Светските медиуми пренесуваат дека пејачката денес се соочува со нова трагедија – рак на грлото ѝ е дијагностициран и на нејзината сестра. Селин ја потврдила веста за париски весник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top