Специјализираниот интернет сајт за фанатиците на МОТО ГП шампионатот, „crash.net“, објави вест во која информира дека на наредната трка од сезоната во Арагон би можело повторно да го видиме Ники Хајден.
Светскиот шампион од 2006 година, кој сега се натпреварува во Супербајк би требало да го замени Џек Милер кој требаше да го замени уште на Силверстон, но тогаш беше одлучено дека Милер може да вози после заздравувањето по сударот на Ред Бул Ринг.
Сепак Милер поради повреда на раката се повлече од трката во Мизано, па така уште поизвесно е дека во Арагон ќе го гледаме Хајден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.