Од новата сезона, која е на самиот праг, Првата одбојкарска лига на Македонија во машка и во женска конкуренција ќе има по осум клубови. Ова значи дека, за разлика од минатата сезона, двете лиги ќе бидат побогати за по два клуба.
Во машка конкуренција меѓу прволигашите повторно се враќа Борец од Велес, како и Вардар со што Скопје по една година апстиненција ќе има пак клуб. За разлика од минатата сезона, нов клуб во лигата е и Лешок, како и тимот на УГД Студент од Штип, кои доаѓаат на местото на Сушево и на Мавис. Бранител на титулата во машка конкуренција е тимот Шутова од Кичево, а покрај нив во лигата се и составите Пробиштип ВА, Струмица, Лирија од минатата сезона и новит клубови што веќе ги споменавме погоре, Вардар, Борец, Лешок и УГД Студент.
Во женска конкуренција за разлика од минатата сезона го нема само тимот Шкендија, кој испадна од лигата. Нови клубови се Наковски Волеј, ТЕ Волеј и Универзитет во Тетово. Така сега во лигата ќе има три тима од Тетово (ТЕ Волеј, Универзитет во Тетово и Бами Кор), по два од Скопје (Јанта Волеј и Работнички жени) и Струмица (Македонија МАКС и Наковски Волеј) и тимот на УГД Студент жени од Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.