| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Кирчо Арсовски, фронтменот на „Т.Б. Трачери“ во МКЦ

Сите работи настанаа како последица од гледање филмови на Дизни и Пет Саливен, од зјапање во кориците на старите палп романи, сликите на поп-артистите, старите стрипови од Забавник, како и од неизбежните идиотски претстави што ни ги лансираат медиумите, вели Арсовски.

Во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје вечерва ќе биде отворена втората самостојна изложба на цртежи на Кирчо Арсовски, водачот на групата „Т.Б. Трачери“.

На изложбата ќе бидат претставени повеќе од 300 цртежи на Кирчо Арсовски.

– Сите работи настанаа како последица од гледање филмови на Дизни и Пет Саливен, од зјапање во кориците на старите палп романи, сликите на поп-артистите, старите стрипови од Забавник, како и од неизбежните идиотски претстави што ни ги лансираат медиумите – вели Арсовски.

Кирчо Арсовски пред сè, е познат како водач на групата „Т.Б. Трачери“ (гитарист, вокалист и главен автор на текстовите и песните), која свири мешавина на панк, гаражен рок и рокабили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top