Жена Овен
Малку ладна по природа, одлучна и полна со самодоверба, жената Овен избира едноставни кафеави нијанси кои се прелеваат на сонцето, како на пример, црвена коса во комбинација со боб фризура или пак, практични руси нијанси прошарени со прамени.
Жена Бик
Силни, храбри и бестрашни. На жените кои се родени во знакот Бик најдобро им прилегаат сите нијанси на црвена боја, како и кафеава, црна и руса боја со црвеникав отсјај.
Жена Близнак
Младоликите и весели жени Близнаци сакаат прамени во боја на ванила и светли нијанси на кафеава боја кои секогаш го прават лицето помладо и поведро.
Жена Рак
Жените во овој знак сакаат руса и светло кафеава боја која им прилега на нивниот грижлив и топол нарав. Честопати со децении ја носат истата боја на коса.
Жена Лав
Нема Лавица на која косата не ѝ значи многу. Овие топли и симпатични жени сакаат да бидат во центарот на вниманието, а најчесто избираат кафеава боја со топли руси прамени околу лицето.
Жена Девица
Девиците сакаат да го имаат секој детаљ под контрола, а тука се вбројува и нивната коса. На нив им е жал да потрошат пари на фризер и скапи прамени, додека главната цел им е косата да им изгледа природно, ненападно и уредно. Руси прамени, како и кафеавите нијанси се нивниот најчест избор.
Жена Вага
На опуштените, друштвени и смирени Ваги убаво им прилега нежна руса коса, со пепелав отсјај или чоколадно кафеава коса, која секогаш изгледа негувано.
Жена Скорпија
Заводливите и мистични жени во овој знак секогаш изгледаат женствено и секси. Ги сакаат проверените кафеави и црни нијанси кои најдобро го истакнуваат нивното лице, без преголеми експериментирања.
Жена Стрелец
Авантуристички настроени и секогаш оптимистични, овие жени сакаат да патуваат и да испробуваат нови работи, а нивната коса честопати е во ведри, светли нијанси. Ја сакаат русата боја, а супер им прилега и црвената и портокаловата.
Жена Јарец
Жените родени во овој знак се сериозни, амбициозни и работливи, и сакаат нивната коса да изгледа скапо и луксузно. Богати кафеави нијанси, односно убави руси прамени се идеални за овие жени.
Жена Водолија
Водолијата на себе може да си дозволи различни луди и храбри фризури, но и бои. Косата во две нијанси за нив не е ништо необично, па често ја комбинираат виолетовата, сината или зелена боја. Ако се одлучат да се држат до класината руса, кафеава или црна боја, сигурно монотонијата ќе ја „скршат“ со некоја кул фризура.
Жена Риба
Рибите се креативни, мистични и мечтателни, па одлично им прилегаат бои кои ја нагласуваат внатрешна природа. Нежни руси нијанси, пепелави прамени, нежно портокалова и црвена боја, како и светло кафеавата, одлично им прилегаат на овие дами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.