| четврток, 6 декември 2018 |

Постојат четири групи пијани луѓе – во која спаѓате вие?

Научниците од Универзитетот во Мисури испитале 187 студенти за нивното однесување кога се трезни и кога се пијани. Учесниците биле испитувани во двојки, бидејќи така најчесто се посетуваат клубови и затоа што другиот е сведок за тоа како некој се однесува кога е под дејство на алкохол.

Така истражувачите дошле до заклучок дека постојат четири категории пијани луѓе

Хемингвеј

Оваа категорија го добила името по славниот писател Ернет Хемнигвеј кој изјавил дека може да испие огромни колични виски, а да не се напие. Значи овие луѓе се опишани како „пијани луѓе кои не поминуваат низ некоја драстична промена на карактерот и однесувањето туку само им паѓа малку концентрацијата.

Мери Попинс

Овие се главно мирни и избегнуваат конфликти и проблеми, без разлика дали се трезни или пијани. Кај нив единствена разлика е пад на концентрација и интелектуалните способности.

Откачениот професор

Токму како Еди Марфи во филмот „Откачениот професор“ лицата од оваа категорија потполно го менуваат своето однесување под дејство на алкохол. Кога се трезни се тивки и повлечени, а кога се пијани се центар за забава.

Мистер Хајд

Кај овие лица алкохолот ја поттикнува мрачната страна и почнуват да се однесуваат непријателски и создаваат проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top